Еколошката младинска организација Гоу Грин во соработка со Ски центарот Маврово организираа голема акција за чистење на отпадоците во Националниот Парк Маврово.

         Покрај сите убавини коишто ги брои овој парк, сепак тој останува мета на туристите кои постојано фрлаат отпадоци наоколу и со тоа ја уништуваат природата во паркот.

         Целта на оваа акција беше да го исчистиме Маврово од сите отпадоци за сите да можеме да уживаме во зелено Маврово.

         Вкупно 148 учесници беа учесници на самата акција. Учесници имаше од најмалите до најстарите и сите заедно собравме повеќе од 400тини вреќи отпадоци. Се чистеше на 7 точки кои пред акцијата беа мапирани од страна на луѓето како места со најмногу отпад.

         Голем дел од отпадоците го сочинуваа пластичните шишиња и ќеси кои ги имаше насекаде. Проблемот со кој се соочија некои од учесниците беше тоа што на одредени места поради самата природа, отпадот не беше ни лесно пристаплив бидејќи најчесто беше заглавен меѓу дрвјата. Голем дел од отпадот беше стар и по неколку децении.

         По завршувањето на чистењето на точките, на сите учесници им беше доделена гратис дневна ски карта за успешната акција.

         Оваа акција се одржа како дел од Европската недела за намалаување на отпадот. Оваа недела се одржуваше од 18-26ти ноември во сите Европски земји и ја одбележаа голем број акции за намалување на отпадот. Гоу Грин одржа и три други настани за одбележувањето на оваа недела: Јавна дебата “Дали го селектираме отпадот во нашите домови?”(линк), Панел дискусија “Од масло до енергија – можности и предизвици” и акција за користење на платнени торби наместо пластичните на Зелен пазар и пазарот Буњаковец во Скопје.

         Акцијата беше поддржана од “Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарски контакт”. Поддршка на настанот дадоа и Општината Маврово и Ростуше, Националниот Парк „Маврово“, Хотел Бистра, и Нехар турс.

Share/Save/Bookmark

Понеделник, 18 Декември 2017