Напишано од Go Green

logoГоу Грин со огромно задоволство го најавува новото oктомвриско издание на списанието Екологија и Одржлив Развој! Главната тема на ова октомвриско издание се Климатските Промени и списанието изобилува со голема шареноликост, интересни текстови, еко-квизови, еко-трачеви, календар и други едукативно-забавни содржини. Списанието со своите 122 изданија и 15 години постоење игра важна улога во подигнувањето на јавната свест и едукацијата на младите на тема Екологија и одржлив развој.

Покрај едукативниот карактер, тимот на Гоу Грин подготви модел на функционирање каде што списанието претставува елементарна алатка за активирање на лидерство во младите луѓе и охрабрува отворено учество во создавањето на истото. Преку страниците на списанието овозможуваме простор за стимулирање на креативност и развој на пишувачките и творечките таленти кај младите. Придонесот од читателите е особено важен за целокупниот квалитет и разновидност на содржините во списанието. Доколку сакате да се приклучите на Гоу Грин тимот во областа на пишување, истражување или фотографија, оставете ги вашите податоци во датабазата и ќе бидете информирани за можностите.

Тимот на Гоу Грин вложи многу време и енергија за да го направи овој број поинтересен и поприфатлив за младите и секој ваш коментар, “лајк” или совет ни дава дополнителен мотив за континуирано подобрување. Благодариме за досегашната подршка и секако останете ни зелени!

Тимот на Гоу Грин

             


blog comments powered by Disqus
Share/Save/Bookmark

Понеделник, 01 Ноември 2010