Напишано од Go Green

car2goАвтомобилот, еден од најштетните непријатели на животната средина, се смета за незаменлив од страна на повеќето луѓе бидејќи им создава независност. Големите градови со години се обидуваат да изнајдат решенија за намалување на загадувањето и густиот сообраќај, но јавниот превоз не може да го достигне истото ниво на наклонетост како автомобилот.

Меѓутоа, различни истражувања за Европската мобилност покажуваат дека значителен број на возачи во Европа полека ги заменуваат своите возачки навики - главно поради економски, но и поради еколошки причини.

Постојано критикуван како тежок загадувачот на воздухот и поради тоа што е скап за одржување, автомобилот станува се повеќе средство за транспорт по потреба отколку нужен предмет. Сите големи градови имаат одлични мрежи за јавен превоз, а многу од нив имаат веќе развиено или моментално развиваат велосипедска култура. Исто така, нови начини на користење на автомобилот се појавуваат кои помагаат на возачите да ги намалат своите трошоци, како и да го намалат СО2 во воздухот и да помогнат на животната средина.

Ова се некои од начините на кои Европејците го користат автомобилот како средство за транспорт, а во исто време помогаат на животната средина:

 

Car rental е изнајмување на возило за еден ден, една недела или дури за неколку недели. Овој систем е најатрактивен за туристи-возачи кои сакаат да бидат независни кога патуваат далеку од својот дом без својот автомобил. Секако, ова е исто така алтернатива и за градска употреба за оние кои би се откажале од својот автомобил.

Car sharing е вид на сar rental, но обично се користи за кратки периоди на време, најчесто за еден час  или слично. Овој тип на изнајмување е обично привлечен за возачите кои немаат автомобил, но на кои повремено им треба возило за низ градот.
 

Car pooling е споделување на автомобил со други луѓе кои се движат во иста насока со цел да се заштедат пари на гориво, како и да се намали СО2 емисијата. Обично колеги или студенти кои живеат во истата област наутро споделуваат автомобил за да стигнат до работа или универзитет.

Car2Go е проект сличен на рент а кар, но за разлика од овој систем, Car2Go колата не мора да се резервира и подигне од специјална станица, трошокот се базира на минута и не мора да се грижите за гориво. Car2Go флотата, којашто се состои само од Smart автомобили, е поставена на стратешки места во градот и може да се користи во секое време. Најдобрата работа е што не мора да се грижите за осигурување или трошоци за одржување, и исто така колата е совршена за урбана мобилност поради својата компактност. Откако ќе го изнајмите автомобилот, можете да го користите колку што сакате, без обрврска да го вратите на истото место од каде што сте го зеле. Кога не ви треба веќе, можете да го оставите на кој и да било јавен паркинг во градот. Проектот е прилично нов и е само интегриран во неколку градови во Германија и во Тексас. Хамбург е следниот град каде што овој проект ќе биде ставена во функција.

И покрај тоа што сите овие начини на транспорт испуштаат СО2, тие колку толку помагаат за намалување на загадувањето и придонесуваат за понатамошно менување на навиките на возење и зависност од автомобил. Покрај тоа, произведувачите на автомобили и компаниите што нудат rent a car ги имаат препознаено новите еко-трендови и потребата да се намали емисијата на CO2, и затоа нудат голем избор на хибридни и електрични возила. Оваа година на Автосаемот во Париз речиси сите главни производители на автомобили претставија свој модел на нова генерација електрични возила.
    


blog comments powered by Disqus
Share/Save/Bookmark

Сабота, 16 Октомври 2010