Напишано од Go Green

Гоу Грин со големо задоволство го означува почетокот на  Go Green Photography.

Преку фотографијата се стремиме да ја прикажеме убавината на природата и нејзиниот биодиверзитет, како и единственоста на спонтаните моменти кои не опкружуваат. Гоу Грин тимот инспириран од фотографијата како уметност дава можност на секој љубител на фотографијата креативно да се изрази и да го развие својот потенцијал.

Биди и ти дел од Go Green Photography! Биди креатор на една поинаква зелена реалност! Долови ја недопрената убавина на Македонија. Секој момент, секоја слика од природата која не те остава рамнодушен може да биде дел од Go Green Photography. Изрази ја својата  идеја и “зелена” креативност и имај ја можноста твоето дело да биде видено од сите.

Вашите коментари, совети и идеи се добредојдени и доколку сакате да се приклучите на Гоу Грин тимот, во областа на фотографија, пишување или истражување, оставете ги вашите податоци во датабазата и ќе бидете информирани за можностите.

Тимот на Гоу Грин


blog comments powered by Disqus
Share/Save/Bookmark

Недела, 10 Октомври 2010