Еколошката младинска организација Гоу Грин во рамките на проектот „Од Масло до Енергија“ има потреба од анкетари за спроведување на истражување на јавното мислење за селектирање на отпад во домаќинствата, со посебен фокус на отпадното масло за јадење.

                Истражувањето има за цел да ја дознае еколошката свест кај граѓаните, нивните навики поврзани со селектирање на отпад во нивните домови нивната свесност за штетноста на несодветно третирано отпадно масло за јадење и придобивките од истото при правилен третман.


                Пред да започне анкетирањето на терен, пријавените ќе бидат едуцирани за системот за управување на отпад и отпадното масло за јадење и ќе бидат обучени како се спроведува анкетирање. Едукативната работилница ќе биде одржана на 23ти октомври (понеделник).

                Анкетирањето на терен ќе започне по завршувањето на работилницата и ќе трае во период од 10 дена, поточно од 24ти октомври до 2ри ноември.

                За учество во оваа активност ќе бидат селектирани 15 млади на возраст од 16 до 29 години кои живеат во Скопје.

                Сите заинтересирани за учество во работилницата и спроведување на истражувањето можат да се пријават со пополнување на овој ПРАШАЛНИК. Крајниот рок за пријавување е 21ви октомври 2017 година.

                Проектот „Од Масло до Енергија“ има за цел да ја развие свеста за штетноста од неправилно отстранување на отпадното масло за јадење во нашите домови, да воспостави систем за собирање на искористеното масло за јадење од домаќинствата и да придонесе кон подобрување на локалната економија. Проектот е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање во партнерство со колективниот постапувач за отпадно масло за јадење „Суниленс ДООЕЛ“, хуманитарната организација „Љубезност“ и застапникот на „Baytom Machine Industry & Trade Inc” во Република Македонија.

Share/Save/Bookmark

Tuesday, October 17 2017